
Масло за масажа - Лаванда (1000ml)
Маслото за масажа од лаванда помага во постигнување физичка и емоционална рамнотежа, овозможувајки длабока релаксација. Идеален избор е за сите видови опуштачки масажи. Се препорачува за холистички масажи кои го третираат телото, умот и духот kako целина. Маслото богато ја негува кожата, оставајки ја мазна и негувана.

Масло за масажа - Спорт (1000ml)
Sport маслото содржи лимон, кој поволно делува на воспалителни состојби и има силно антисептичко и бактерицидно дејство. Евкалиптусот, како еден од главните состојки, придонесува за терапевтската вредност на маслото и помага во опоравување на мускулите. Богато е со витамини E и C, го нормализира работењето на лојните жлезди и придонесува за побрзо обновување на организмот.

Масло за масажа - Манго (1000ml)
Маслото за масажа од манго нуди незаборавно искуство на масажа, идеално за летниот период. Маслото е исклучително богато со витамини A, C и E, кои придонесуваат за здравјето и негувањето на кожата. Неговата единствена структура има хидратантни својства што помагаат во одржување на оптималната влажност на кожата.

Масло за масажа - Чоко Ванила (1000ml)
Чоко-ванила маслото ги освојува клиентите со својот сладок и примамлив мирис. Содржи француско чоколадо кое го подобрува расположението и овозможува луксузно искуство на масажа. Комбинацијата на чоколадо и ванила создава совршена хармонија што ги опушта и смирува клиентите. Ова масло придонесува клиентите да се чувствуваат среки и задоволни по масажата.

Масло за масажа - Цреша (1000ml) test
Маслото за масажа од цреша потекнува од Мала Азија, познато по своите извонредни својства. Ова масло ја поттикнува продукцијата на колаген, што придонесува за подмладена, поцврста и поеластична кожа. Се препорачува за сите типови кожа, вклучувајки зрела, проблематична и оштетена кожа.

Масло за масажа - Мадеро (1000ml)
Мадеро маслото е специјализирано за подобрување на ефектите од мадеротерапијата, помагajki во подобрување на циркулацијата и елиминација на токсините од телото. Содржи природни состојки внимателно одбрани поради нивните својства што придонесуваат за намалување на целулитот и тонирање на кожата. Маслото овозможува длабока хидратација и ревитализација на кожата, оставajki ја мазна и мека.

Масло за масажа - Портокал (1000ml)
Маслото од портокал е познато по своето смирувачко дејство. Наменето е за релакс масажи, нудejki чувство на длабока опуштеност. Благотворно делува на психофизичкото здравје, намалувајки го стресот и напнатоста. Помага телото да се ослободи од замор и тензии, оставајки го клиентот целосно опуштен.

Масло за масажа - Лимонска трева (1000ml)
Маслото за масажа од лимонска трева нуди освежувачко и ревитализирачко искуство на масажа. Содржи витамини A и C, како и есенцијални масла кои поттикнуваат чувство на свежина и енергија. Неговата единствена структура има извонредни хидратантни и освежувачки својства. Идеално е за сите типови кожа и може да се користи за различни видови масажа, вклучувајки шведска, ароматерапија, спортска, тајландска и рефлексологија.

Масло за масажа - Антицелулит (1000ml)
Ова масло е специјално формулирано за борба против целулит, особено ефикасно кај тврд целулит. Содржи висок процент на масло од бршлен, добиено на природен начин, познато по своите својства против целулит. Помага во разградување на масните наслаги и тонирање на кожата. Процесот на изработка на ова масло бара време, внимание и посветеност на природната козметика.